ТРАГЕДИЈА: Маж паднал и починал додека извршувал работни задачи

МВР извести дека вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште.

Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите.

На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде