ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Најмалку 10 лица загинаа, а 42 се повредени во страшната несреќа кога автобус удри во бетонски столб во Сао Паоло

Најмалку 10 лица загинаа, а 42 се повредени во страшната несреќа во петокот кога автобус удри во средишниот столб на мостот во бразилската држава Сао Паоло, соопшти државната влада.

Според локалните власти, несреќата се случила нешто по полноќ по локално време, во близина на градот Итапетининг, на околу 170 километри западно од главниот град на државата Сао Паоло.

Автобусот бил на пат од Итапева до Апарецида, религиозен град познат по тоа што привлекува многу аџии во базиликата „Пресвета Богородица Апарецида“.

Повредените се префрлени во болниците во Итапетининга и во соседниот град Сорокаба, соопштија властите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде