„Метеоаларм“ денеска најавува невреме – ова се деталите

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” за денес попладне предвидува ниво 2 во Македонија, слаб ризик за појава на невреме.

Меѓутоа, во планинските региони и тоа особено во западните и во северозападните предели таа проценува и ниво 3, тоа значи засилен ризик од невреме, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за појава на град.

Барем според сегашните проценки на оваа алатка, во Скопје и во останатите градови ќе биде релативно мирно. Со исклучок на некои градови кои се во близина на планините каде е можна појава на краткотрајна нестабилност.

Инаку, како што веќе најавив од денес ќе имаме екстремно топло време со температури кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде