Драматично, но успешно спасување на човек кој пропаднал во длабока тиња и кал како од „жив песок“, шт било опасно и за заробениот човек и за спасителите,
се случувало ноќеска, каде учествувале кумановските пожарникари, на терен до реката Пчиња, соопшти Центарот за управување со кризи.
– Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно, а опасно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“ и за заробениот човек и за спасителите – пожарникарите.
Конкретно, покрај кумановскиот дел од река Пчиња, имаше комбинирана спасителна акција од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово – соопшти ЦУК.