Автомобилот целосно уништен, пожарникари ги извлекувале повредените – страотна несреќа кај Скопје

Попладнево, тешка несреќа кај Хиподром во близина на Железничкиот мост, односно на влез од Скопје, објави Скопје1.

Со Брза помош и тешки повреди, возач и сопатник се пренесени во болница.

Сведоци за „Скопје1“ посочуваат дека лицата од возилата биле вадени со помош на екипи од Противпожарната бригада.

„Денеска (12.06.2024) во 11.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железен мост Маџари на влез за Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Со повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.

Екипи на полицијата се на терен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде