Страшно невреме ја зафати Словенија каде падна град со големина на топче за голф.
Жителите на Словенија на социјалните мрежи објавија фотографии од град со големина на топче за голф, а некои топчиња беа со дијаметар од дури шест сантиметри.
„Делови од Словенија беа зафатени од силно невреме, пропратено со врнежи од дожд, налети на ветер, а на места падна и град со големина на орев. Поради невремето издадено е портокалово метео предупредување за североисточна и централна Словенија“, пишува 24 часа.
Покрај силниот ветер и врнежите, невремето повторно донесе и силен град во Словенија со големина на топче за голф. И метеоролозите се изненадени, стои во написите.
Се повикуваат возачите во Словенија да возат внимателно и да не застануваат под надвозници и во тунели.
Ова лето и во Србија паѓаше град со големина на топче за голф.