ФБИ го идентификуваше напаѓачот како 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија.
Тој лежел на покривот на производствен погон, кој се наоѓа на околу 120 метри од местото каде што се одржал митингот, а на тоа место, откако напаѓачот бил ликвидиран, била пронајдена автоматска пушка, наведува Њујорк пост. .
На снимката на која се гледа маж како лежи на покривот, се слуша како жена го вика по презиме, го прашува што прави и му вели да се симне од покривот.
Исто така, Sky News објави воздушна снимка од објектот по атентатот на атентаторот, на која се гледа тело на покривот.