Видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам републиканците, го мразам Трамп!

На социјалните мрежи се појави видео од напаѓачот Крукс кој се снимал во автомобилот велејќи:

„Јас сум Томас Метју Крукс. Ги мразам републиканците. Го мразам Трамп. И знаете што – имате погрешен човек“.

Засега не е познато кога е снимено ова видео и дали можеби е создадено пред обидот за атентат врз поранешниот американски претседател.

Напаѓачот беше ликвидиран од Тајната служба, а беше убиено уште едно лице од публиката кое беше застрелано од атентаторот.

Изворите велат дека Крукс бил позициониран на покривот на производствената постројка, на повеќе од 180 метри оддалеченост од сцената каде се обраќал Трамп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде