Девет млади пациенти се примени во гостиварската болница, по труење со храна.
Според информациите кои ги добиле докторите, сите се хранеле во ист угостителски објект, а службата на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки и зела примероци за анализа.
Инфектологот Ратко Наумоски посочува дека сите затруени имале исти симптоми: повраќање, дијареја, изнемоштеност.
Затруените се пуштени на домшано лекување.
Ова е трето труење со храна за краток период. Претходно, затворени беа гостилница и сендвичара во Скопје.