ОГРОМНА ТАГА: Познат идентитетот на девојката која беше пронајдена мртва кај Кочани
Синоќа во 20.13 часот во Полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие „Водостопанство“ било пријавено дека на подножјето на браната „Градче“ било пронајдено тело на починато женско лице.
Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по извршениот увид и извршеното препознавање од родителите било утврдено дека станува збор за Н.Ј.(26) од Кочани.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти полицијата.