ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Почина бизнисменот Радимировиќ – дали се работи за самоубиство?

Доцна вечерва е убиен познат бизнисмен, основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“.

Тој е пронајден доцна вечерва со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман.

Според информации на Скопје 1, бизнисменот Чедомир Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура.

Радомировиќ, тешко повреден бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но им подлегнал на повредите.

Повеќе детали МВР ќе соопшти утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде