На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка.
Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал,
а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош.
Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.