На булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром утрово се случила сообраќајка меѓу три возила, а повредено е едно лице.
-Во 5.43 часот е пријавена сообраќајката меѓу три возила. Станува збор за „хјундаи“, „шевролет“ и „киа“, сите со скопски регистарски таблички.
Има едно повредено лице, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Повеќе детали од МВР најавија во текот на денот.