Пожар му се заканува на кавадаречкото село Шивец.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека горат сува трева и трња, но ако продолжи, пожарот ќе се спушти во долот многу бргу.
Предупреди дека во близина има и црква и други дрва кои нема да биде можно да се изгаснат.
Пожарникарите ќе бидат распоредени на местото, а побарана е и поддршка од полицијата и локалното население.
Истовремено, пожар на отворено изби и кај Сирково, Росоман.