ТРАГЕДИЈА: Машко лице се удави во Дојранско езеро

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж.

Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.

-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде