Силно невреме попладнево го погоди овој македонски град

Силно невреме го погоди поширокиот регион на Охрид денеска, нешто по 16:00 часот.

Заедно со силниот дожд, врнеше и поситен град, проследени со засилен ветер.

До овој момент нема потврдени информации за евентуални штети причинети од невремето. 

Метеорологот Славчо Попов претходно на неговиот фејсбук-профил објави видео од пороен дожд во Пробиштип.

Во следните, часови како резултат на ладен атмосферски фронт од север и тоа во горниот слој од атмосферата, Попоски прогнозира дека во Македонија и тоа особено во планинските места, но и во оние населени места кои се во близина на планините се очекува локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Во ваква ситуација, можна е и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, како и со појава на град. И во делови од Скопската котлина не се исклучува можноста за развој на вакви грмотевични облаци – пишува тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде