Српски медиуми: Познато во каква состојба се децата во сообраќајката на македонско семејство кај Лесковац – мајката загина, четворица повредени

На влезот во Грделичката Клисура се случи тешка сообраќајна несреќа во која млада жена почина на лице место, а четири лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 4 години, пренесуваат српските медиуми.

Несреќата се случила вчера нешто пред 18.00 часот кога, најверојатно, возачот изгубил контрола над возилото и силно удрил во заштитната ограда.

Според очевидци, станува збор за семејство од Македонија, кое се враќало дома по одморот во Словенија.

Жената била сопатникот. Во болница пренесовме две деца, од кои едното има тешки повреди. Повреди има и возачот, сопругот на починатата, но се чини дека се полесни, иако не можеме ништо со сигурност да кажеме додека не заврши снимањето – објаснува изворот за Република.рс.

Една екипа од Итна помош од Здравствен дом Лесковац и друга екипа од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница.

На воланот бил И.А. (28), кој, за среќа, не е повреден, освен во шок и збунетост, потенцираат лекарите од Ургентниот центар во Лесковачката болница.

Едното дете е на дијагностика, се сомневаме на фрактура на бутната коска, другото, за среќа, остана неповредено“, вели истиот лекар.

Има нови информации дека повредените се од Северна Македонија, но дека имаат и словенечко државјанство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде