Доаѓа ново невреме во Македонија – еве во кои делови има најголеми услови

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, како резултат на поладен атмосферски фронт во горниот слој од атмосферата, денес (петок) во попладневните  и во вечерните часови повторно во Македонија растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Во ваква ситуација локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.

Најголеми услови за појава на невреме има во западните и во северозападните предели од државава, потоа во делови од Скопската котлина, во централните предели од Македонија, како и на југоистокот и истокот од Македонија. Се на се, локална појава на невреме ќе има на повеќе места во Македонија.

Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие до крајот на денов повторно ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степени, додека во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде