Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења.
Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.
– Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат, изјави за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.
Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по
патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.