ОГРОМНА ТАГА: Ова е 21 годишното момче кое ноќеска загина во „БМВ-то на смртта“ кај Ќуприја

Сава Радуловиќ (21) од Ќуприја загина вчера во страшна сообраќајна несреќа кога БМВ-то управувано од С.Т.(21) излетало од патот.

Како што се сомнева, С.Т., синоќа околу 20 часот и 30 минути на патот Ќуприја-Сење, управувајќи автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од здобиените повреди починале 20-годишник и 21-годишик, патнииц во возилото, додека со тешки телесни повреди се здобиле 16-годишна девојка и возачот С.Т.

Поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, осомничениот, кој е на лекување во болница и е под надзор на полицијата, е приведен и со кривична пријава ќе биде спроведен до надлежните обвинителството.

Како што е констатирано, С.Т. управувал автомобил со пробна возачка дозвола, чија моќност на моторот е поголема од дозволената за ваквите возачи и под дејство на канабис, па против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

На Фејсбук еден од роднините на жртвата Радуловиќ напиша дека погребот ќе се изврши утре, во 14 часот, на гробиштата Ќуприја.

– Патувајте со ангели – гласи еден од коментарите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде