ВОНРЕДНО За денеска најавено силно невреме – ЕВЕ КАДЕ

Како резултат на продор на поладен воздух од север на висина, денес (понеделник) во попладневните и во вечерните часови ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во регионот,

па така особено во западните предели на Словенија и Хрватска, потоа на повеќе места во Босна и Херцеговина, југозападна и западна Србија, а подоцна и во источните предели на Хрватска се очекува развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Со продорот на овој ладен воздух на висина, локално во овие предели ќе има и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Не се исклучува можноста, како ќе поминува овој фронтален систем над овие краишта, да се создадат услови и за локално силно невреме.

Кај нас овој фронтален систем денес попладне и навечер, особено во западните и во северозападните планински предели од државава локално исто така ќе услови развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Секако во ваква ситуација, можни се и поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме, пишува Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде