УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Приведени се три лица

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот.

Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде