ВОНРЕДНО Три куќи горат во Ново Село, огнот се шири многу брзо, на помош упатени хеликоптери

Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа.

Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство а армискиот во секој момент ќе биде таму.

Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде