Тело на женско лице рано утрово е пронајдено на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во кочанската населба Оризари.
Вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавената жена да се извлече од каналот.
Според сè уште непотврдени информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил нејзиниот син.
На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена.
Да потсетиме, пред неколку дена млада девојка беше пронајдена мртва на браната Градче во Кочани.
Безживотното тело на девојката го пронашол вработен на браната, кој пријавил дека е забелеќан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатитрале смрт.