Се судрија мотоцикли „бмв“ и „ктм“, има повредени

На 28.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превој „Пресека“,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од М.М.(44) од Виница, со живеалиште во Швајцарија и мотоцикл „ктм“ со винички регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(29) од Виница, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.М., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде