Трагична вест вечерва: Едно лице го загуби животот во пожарите кои беснеат во Македонија

Едно лице загина во пожарот кој денеска попладне го зафати кумановското село Кокошиње, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Откако избувнал пожарот, ветрот брзо го проширил низ куќата во која живеела жртвата заедно со сопругата која, според директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, била успешно евакуирана.

„Станува збор за повозрасно лице кое најверојатно се загушило од чад“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Моментно се активни пожари во 12 села во Кумановско, Старо Нагоричане, Свети Николе, Штип и Пробиштип чие гаснење се одвива тешко поради ветрот.

„Според првичните информации, изгорени се повеќе куќи, дел од нив се стари и напуштени, но дел се нови и во нив живееат селани кои се успешно евакуирани.

Сите пожари почнаа речиси во исто време и затоа беа многу тешки за гаснење. Покрај пожарникарите интервенираат полицискиот и армискиот хеликоптер, како и трите „Ер трактори“, но проблем беше ветрот“, вели Ангелов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде