Страотна сообраќајна несреќа, две млади момчиња итно пренесени во болница

Две млади момчиња се повредени откако со „поло“ излетале од пат. 

– На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во стар Стар Караорман, штипско,

патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде