ВОНРЕДНА ВЕСТ од Дојран: Горат три куќи, се врши евакуација на околните објекти

Три куќи горат во Дојран по голем пожар кој избувнал на депонија.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се врши евакуација и на околни објекти.

„Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени“, вели Ангелов.

Вчера голем пожар во кумановско ја зема и првата жртва.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде