Пет лица се блокирани во куќа во селото Строиманци, Светиниколско, каде во моменот беснее голем пожар.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави дека прават обиди да ги извлечат луѓето, но тешко е потади огнената стихија која го зафати селото.
„Упатен е полициски хеликоптер кој треба да фрли вода околу куќата за луѓето да се извлечат“, рече Ангелов.
Апелира до граѓаните кои живеат во полунапуштените села итно да се евакуираат ако слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана од локалните власти и пожарникари, кога е пожелно да помогнат.
„Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати“, рече првиот човек на ЦУК.
Анеглов апелира и до сите сопственици на викендички да изработат противпожарен појас или мек појас околу своите куќи.
Најголемата пожарна линија се движи од општина Свети Николе во насока на Куманово, каде моментално делуваат трите ертрактори.
Пожар има на територијата на Старо Нагоричани кој се заканува да зафати неколку напуштени села.