ВОНРЕДНА ВЕСТ Најавен дожд и невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Топлотниот Африкански бран продолжува и во следниот период во Македонија, сепак, поради преместување на поладен атмосферски фронт на висина, за време на викендот очекуваме дестабилизирање на атмосферата.

Токму ова ќе услови во Македонија да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе има услови и за појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина за време на викендот ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Температурите нема многу да се менуваат, што значи тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат и до околу 40 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде