Попладнево тешка сообраќајка, првични информации

Сообраќајна несреќа што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда предизвика застој во сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“ околу раскрсницата со улицата „16-та Македонска бригада“ што води кон населбата Железара.

Во сообраќајната несреќа едното од возилата од ударот е превртено на кров, а оштетени се и други два автомобили.

Засега нема информации за повредни лица.

На местото на настанот излезена е полициска екипа која врши увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде