Малолетник и 22-годишно момче од Штип се повредени откако паднале од мопед.
На 01.08.2024 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, И.Н.(22) од село Стар Караорман, штипско, управувајќи мопед „априлиа“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.