ТРАГЕДИЈА: Млада жена од Македонија загина во трагична сообраќајка кај Смедерево

Жена го загуби животот во сообраќајна несреќа што вчера утрото околу 06:30 часот се случи на автопатот Белград-Ниш, во близина на населеното место Михајловац кај Смедерево.

Автомобилот со швајцарски регистерски таблички, во кој имало семејство од Тетово, односно од Радиовце, од засега непознати причини излетало од патот. Жената која била на совозачкото седиште починала на местото на настанот, објавуваат македонските медиуми на албански јазик.

По несреќата, нејзиниот сопруг кој управувал со автомобилот е уапсен и одредена му е мерка притвор во Основното обвинителство во Смедерево.
За среќа, детето на задното седиште било неповредено.

Детето е под привремено старателство на Центарот за социјална работа во Смедерево. Како што е познато, семејството е од село Радиовце во општина Брвеница – тетовско и живее во Швајцарија. Нивната возраст е околу 30 години, објавија медиумите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде