Заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, објави видео на кое се гледа возилото веднаш откако огнот бил изгаснат.
„Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат.
Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчев.
Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници“ напиша тој на Фејсбук.