Две малолетнички се повредени, откако тракторот со кој се превезувале во Куманово, се превртел.
– На 11.08.2024 во СВР Куманово било пријавено дека околу 18.30 часот на ул.„Пиринска Македонија“ во Куманово, трактор со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од селото Градиште, кумановско, се превртел на коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.