Вчера попладне, во близина на скопското село Блаце, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 17-годишен тинејџер.
Според информациите до кои дојде Скопје Инфо, несреќата се случила кога автобус на ЈСП со број 81, кој сообраќал на редовната линија, се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајца малолетници.
Тинејџерот, кој го управувал автомобилот, веднаш бил пренесен во градската болница, каде починал како последица на сериозноста на повредите.
Неговиот 13-годишен брат, кој бил сопатник во возилото, исто така е хоспитализиран со сериозна повреда на главата – фрактура на черепот.
Сè уште не се познати точните причини за несреќата, а истрагата е во тек.