Македонецот за кој се претпоставуваше дека бил убиен во селото Врачев Гај, починал од срцев удар пренесуваат српските медиуми.
Горан С.(61) од Врачев Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот беше уапсен под сомнение дека го убил сегашниот партнер на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија.
Обдукцијата на безживотното тело на Бобан кој почина на 8 август по тепачка со Горан С.(62) покажала дека неговата смрт настанала како резултат на срцев удар, а не претрпен удар, пишуваат српските медиуми.
Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С. кому му е одредена мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека извршил убиство и и се заканувал со смрт на поранешната сопруга Верица В., бара тој да биде пуштен на слобода.