Невреме попладнево во овие два македонски градови

Разладувањето во Крива Паланка и Пехчево пристигна предвреме.

Според радарска слика во источните делови во околината на Крива Паланка и Пехчево има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

„Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места,

локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град“, стои во соопштението на УХМР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде