НАЈНОВА ВЕСТ: Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и

припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа, 140 километри југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината,

со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,- соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде