15.55 часот: „Територијата северозападно од Пехчево и Берово е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и наместа појава на град.“
15.23 часот: „Во регионот на Македоска Каменица и помеѓу Делчево и Пехчево има нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд , грмежи и наместа можна појава на суградица.“,информира УХМР
Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.