Поплавени улици и откорнати дрвја: Страшно невреме беснее во регионот

Силно невреме собори дрвја врз возила во центарот на Сплит, а обилните врнежи ги поплавија подрумите.

За кратко време во Сплит наврнаа повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен, јавуваат хрватските медиуми. Во текот на ноќта пожарникарите отстранувале дрвја кои паднале на коловозите и црпеле вода од поплавените подруми.

Освен во Сплит, силен ветер и пороен дожд го зафатија и Каштела, пошироката област Макарска, островите Хвар, Брач, Вис и Шолта.

„Јутарњи лист“ пишува дека синоќа во Сплит имало поплава, патиштата се претвориле во реки и врнело повеќе отколку во цел август.

За само час и половина наврнале повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на просечната количина за цел август ако се забележат официјални мерења во метеоролошката станица во периодот од 1991 до 2020 година, пренесува весникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде