Локална појава на пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со можна појава на ситен град има во планинските подрачја западно од Гостивар и јужно од Кавадарци.
Правецот на движење на нестабилните јадра е од југ кон север.
Локална нестабилност има и во беровско-делчевскиот регион.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град.
Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.