Момче М.Д.(12) и девојче М.Д.(14) денеска загинаа во сообраќајна несреќа што се случила на премин на пруга во градот Петка во Лазаревац кога во автомобилот во кој се наоѓале удрил воз.
Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека со тешки телесни повреди се здобил таткото на децата Милан Д.(38).
Воз што сообраќал на линијата Пријепоље – Белград налетал на автомобил „ауди“.
Железничкиот сообраќај беше во прекин.