Последна вест: Овој македонски град утрово под вода

Македонска Каменица утринава под вода, дождот кој започна обилно да врне од 3 часот ноќеска сеуште трае

Уште од изминатата ноќ, па се до утринава Македонска Каменица беше зафатена од изразено влажна  и нестабилна воздушна маса која беше во склоп со циклонската активност со центар над Италија, објави Славчо Попоски.

Токму ова услови во Македонска Каменица да има обилен пороен дожд, грмежи и ветер.

Обилните врнежи во овој дел од државава условија  и поплавувања.

Инаку, поголем дел од источните предели од Македонија рано утринава беа зафатени од поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на изминатата ноќ нестабилност со дожд и грмежи имаше  и во Скопскиот регион, централниот и во западниот дел од државава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде