Снаата го убила деверот со шест куршуми – голема трагедија го потресе регионот

Синоќа во Приштина жена го убила својот девер, по што и се предала на полицијата. Таа кон него испукала шест куршуми од огнено оружје, пишува Теве1.

„Убиството се случило околу 19 часот и 20 минути на улицата `Исмет Красница`.

Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството, каде што започнала истрага“, изјави за Газета – Флора Ахмети, портпаролка на косовскаta полиција за регионот на Приштина, пренесува Косово онлајн.

Таа додаде дека во тек е распитот на осомничената за расветлување на сите околности на кривичното дело.

Според медиумите убиен е Џевдет Милаку (60), а за делото осомничена е неговата снаа Назмија Милаку.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде