УХМР објави мапа: Еве каде моментално има невреме во Македонија

13: 52 Нестабилност на североистокот од Македонија.

Во Кратовскиот регион имаме нестабилна облачна маса проследена со грмежи, пороен дожд и југозападно од Пробиштип исто така има појава на нестабилна облачна маса.

14:31 Во регионот измеѓу Пробиштип и Штип има нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд и грмежи.

УХМР претходно објави дека попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена. UV=7

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер. Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде