ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот актер од хит серијата „Мистер Бин“

Неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство во британската јавност

На 90-годишна возраст почина познатиот британски комичар Џон Клег, најпознат по улогите во сериите „It Ain’t Half Hot Mum“, „Mr. Bean“, „Bridget Jones’s Diary“.

Клег почина опкружен со семејството, а најблиските најавија дека на 29 август во Западен Сасекс ќе се одржи погреб, но ќе биде затворен за јавноста.

Неговата смрт предизвика многу реакции и изрази на сочувство кај британската јавност, со оглед на неговиот значаен придонес за британската телевизија и театар.

Џон Клег е роден во 1934 година во Мари, Пенџаб, во тогашна британска Индија, а подоцна се преселил во Англија, каде што ја започнал својата кариера откако дипломирал на престижното драмско училиште РАДА во Лондон. Неговата кариера вклучува многу телевизиски, филмски и театарски улоги, но публиката најмногу ќе го памети по улогата на Греам.

Џон беше во брак со актерката Мејвис Пу до нејзината смрт во 2006 година, и двајцата глумеа во “You Rang, M’Lord? и Are You Being Served?”. Мејвис имаше улога и во култната серија „Fawlty Towers“, додека Џон играше помала улога во филмот „Bridget Jones’s Diary“ од 2001 година.

Во октомври 2017 година, Клег одржа предавање со наслов „Мојот живот како актер“ во книжевното друштво Чичестер, каде сподели интересни приказни од неговата богата кариера. За време на предавањето, Клег раскажал анегдота за средбата со младата Џуди Денч, која потоа му кажала дека мисли дека не му одговараат традиционалните шекспирови улоги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде