Министерката Јаневска објави кога наставниците може да очекуваат повисоки плати

Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада.

Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно, рече денеска министерката за образоване и наука Весна Јаневска во одговор на новинарско прашање за зголемување на платите во образовниот сектор при денешната посета на Општина Петровец.

Според неа, буџетот на МОН кој го наследиле, бил потрошен за шест месеци наместо за една година и министерката се соочила со огромна буџетска дупка со необезбедени плати за наставниците и професорите, необезбедени учебници и неисплатени обврски кон студенти и ученици

-Јас ги молам наставниците, она како што јас ги доживувам во овој момент, да постапуваат со онаа пасија кога се запишале на факултетот кога ја посакале таа професија да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба да придонесат за знаењето на учениците, да придонесат за напредок на државата, а она што им следува, бидејќи и мене и на премиерот ни е добро познато тие секако ќе си го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи, а јас еве како министер грчевито ќе се борам и ќе се борам и на Влада и со нив со преговори и се тоа да биде што е можно повеќе, рече министерката Јаневска.

Додаде дека за синдикатите се секогаш отворени за разговори и дека никогаш ги немале затворени вратите за социјалните партнери.

-Но, во овој момент кога државата ни била во слободен пад, а владата се обидува да го запре тој слободен пад јас повторно велам, не им се обраќам на синдикатите, наставниците имаат права како и сите други, им се обраќам на наставниците да имаат верба во Владата, да имаат верба во министерот за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат приоритет, посочи Јаневска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде