ВОНРЕДНО Доцна синоќа голем пожар во фабрика во Македонија

Градоначаклинкот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил, информираше за пожарот во фабриката Ником. Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот.

На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.

,,Голем пожар во фабриката Ником.
Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен, напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне.

Дополнително интервенираат и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.”, напиша Јанчев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде