Пред неколку дена на социјалните мрежи Димче Дамчевски објави фискални сметки од ресторан во Охрид и се пожали дека сметката била превисока.
„Знајте з’ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з’ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек, а истите тие луѓе во ,,Атва”-Кичево нити 4000 денари, ете зато!!!
П.С. Ова пастрмчево едното, не двете, демек ,,охридско”, не ет случајно сликано.. замислете 3 кг имало по 4.900 денари си го платиФне 14.700 денари. Нек ни ет наздравје, е зато немет гости, оти сакет да се збогатет наеднаш“, напиша Дамчевски на Фејсбук.
На социјалните мрежи сега се појави коментар од келнорот кој наводно ја служел неговата маса.
„На сред вода, со личен келнер, со музика специјално за нив, со полна маса со храна и пијалоци во толкава количина што едно село во Африка би јадело цела недела, а овој се жали дека во Охрид има платено 54.000 денари“, напиша тој.